Милан успеа да го совлада Бриж потешко од очекувањата во 3. коло во Лигата на шампионите, и успеа да ја запише првата победа во најелитното натпреварување после лошиот старт.
Пулишиќ во 34. минута директно од корнер успеа да му донесе радост на Милан, а потоа во 40. минута Бриж остана со играч помалку по исклучувањето на Онједика.
И со 10 играчи, белгискиот тим успеа да дојде до израмнувње преку Сабе во 51. минута. Имаше проблеми Милан, но Рејндерс на крајот погоди два пати за конечен триумф. Асистeнти беа играчите кои влегоа. Најпрво Окафор, а потоа и Чуквуезе за конечен триумф на „росонерите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА