Пулишиќ: Пред два дена лежев мртов во кревет, а сега…

Кристијан Пулишиќ беше херој на Милан во победата против Торино од 3-2. Иако само еден ден претходно лежеше во кревет со висока температура, тој влезе од клупата и постигна два гола за да му донесе победа на Милан од 2-3, откако неговиот тим губеше со 2-0.

Настапот на Пулишиќ беше под голем знак прашалник до самиот ден на натпреварот. Поради високата температура, тој дури и не патуваше со тимот, туку им се придружи во Торино само неколку часа пред почетокот на натпреварот.

„Пред два дена лежев мртов во кревет, но денеска се чувствував многу подобро и многу сум среќен што дојдов тука и успеав да му помогнам на тимот“, рече американскиот репрезентативец по натпреварот.

Се вчитува...