Американскиот интернационалец Кристијан Пулишиќ и официјално е претставен како нов фудбалер на Челси. Англискиот премиерлигаш има забрана за трансфери во наредните два преодни рока, но Пулишиќ потпиша уште во јануари, а ја доигра сезоната во дресот на Борусија Дортмунд. Неговиот трансфер изнесува 65 милиони евра, а пристигна на „Стемфорд бриџ“ да го изврши протоколот пред да замине со американскиот национален тим кој се подготвува за „Голд куп“.
Кристијан Пулишиќ за Борусија Дортмунд одигра 127 натпревари, постигна 19 гола и забележа 26 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА