Пулишиќ стана херој на САД па се повреди, Англија не му даде шанса на Велс (ВИДЕО)

Англиската репрезентација го победи и го елиминираше Велс од Мундијалот во Катар. Откако во првиот дел не успеа да го „скрши“ отпорот на Велшаните, иако имаше многу шанси, сепак, во вториот дел со два брзи гола во 50. и во 52. минута Англија дојде до предност.

Рашфорд од слободен удар погоди во мрежата на Велс за водство, а потоа Фоден донесе 2-0. Во 69. минута Рашфорд постигна и втор гол и така ги постави конечните 3-0. Во 77. минута Англија имаше голема шанса преку Белингем и Фоден, но не успеа и четврти пат да го најде патот до мрежата.

САД со единствениот гол на Кристијан Пулишиќ во 44. минута дојдоа до победа над Иран и до 1/8 финалето. Иранците во вториот дел успеаја да нападнат, но не го најдоа патот до мрежата. Дури и девет минути продолжение во вториот дел не беа доволни Иранците да израмнат, и така да се пласираат во 1/8 финалето, па така ќе го завршат настапот во групната фаза.

 

Се вчитува...