Екс-фудбалер на Реал Мадрид: Пушев само кога пиев, а пиев секој ден

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Сисињо вели дека водењето неспортски живот е една од причините што не направи поголема кариера во „кралскиот клуб“. Десниот бек во 2006 година стигна на „Сантијаго Бернабеу“. Му беше предвидувана голема кариера, но очекувањата не ги оправда и последна една и пол сезона замина од клубот.

„Почнав да пијам уште на 13 или 14 години додека играв во Ботафого. Ми рекоа дека пивото е добро и затоа пиев. Како што почнав не престанав до триесет години. Скоро 20 години пиев алкохол. Пиев по десет пива дневно. Исто така и многу пушев цигари. Пушев само кога пиев, а пиев секој ден“, изјави Сисињо. 

Денеска Сисињо се реши од сите пороци и сега живее далеку помирен живот.

Се вчитува...