Фудбалерот Алексис Бека Бека, се врати дома откако е пуштен од болница и ги мина сите терапии, на кои беше три месеци после обидот за самоубиство.
Бека Бека се обиде да се самоубие во септември кога сакаше да скокне од мостот „Мањан“, и се закануваше дека ќе скокне од повеќе од 100 метри.
Тој играше за Ница, а клубот не му го раскина договорот, Семејството е сега со него, и работи на негов рехабилитација.
Бека Бека потекнува од фудбалската школа на Каен, а мина низ Б тимот, дојде до сениорите, а потоа мина една година во Локомотив Москва, па се врати во Франција и потпиша за Ница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

