Првата група навивачи на Динамо Загреб излезе од грчките затвори. Од август тие се под истрага за учеството во нередите во Атина во кое едно лице, навиавч на АЕК го загуби животот.
Грчките правосудни власти донесоа одлука за ослободување на 30 членови на „БББ“, со забрана за доаѓање во Грција за спортски настани и кауција од 1.000 евра за секој.
Претходните денови сите осомничени беа испрашувани во грчките судови каде негираа дека се вмешани во убиството на навивачот на АЕК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

