Ракометниот клуб Вардар ги пушти во продажба билетите за првото суперлигашко дерби со Еурофарм Пелистер, што ќе се одигра на 17 септември со почеток во 19.45 часот во СЦ „Јане Сандански“.
Двократниот европски првак информираше дека билетите ќе чинат од 150 до 250 денари, со надеж дека салата ќе биде исполнета до последно место, но и дека дуелот ќе мине во максимално спортска атмосфера, како на теренот, така и на трибините, како што тоа беше случај на последниот меч од Суперкупот на Македонија одиган во Струмица.
Продажбата на билетите ќе се врши: онлајн на https://www.kupikartizase.com/Events/vardar_pelister и преку продажната мрежа на КУПИ КАРТИ ЗА СЕ и преку нивната продажна мрежа.
Влез ќе биде дозволен само со ПЕЧАТЕН БИЛЕТ, а сите ваучери при онлајн продажбата треба да се заменат на продажните места или на билетара пред сала.
Цени на билети по блокови:
БЛОКОВИ – 1, 2, 3, 16, 8, 11
Цена – -150 денБЛОКОВИ – 4, 5, 6, 7, 12, 13, 14, 15, А1, А4,
Цена – -200 денБЛОКОВИ – А2, А3, А5, А6
Цена – -250 денСо секој купен билет се учествува во наградните игри што нашите спонзори ќе ги организраат на полувреме од натпреварот. Награди ќе доделат „Универзитет Скопје“ и „Пекабеско“
Продажба на билети за натпреварот ќе има и на билетарницата пред СЦ „Јане Сандаски“. Работното време на билетарницата ќе биде:
* Сабота – 16 до 19 часот
* Недела – од 12 часот па се до почеток на натпреварот
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА