Путин и го честиташе изборот на Ковентри

Рускиот претседател Владимир Путин упати „срдечни честитки“ до Кирсти Ковентри за нејзиниот избор за претседател на Меѓународниот олимписки комитет.

Поради нападот на Украина, Русија доби забрана за учество на Олимписките игри, а на Олимпијадата во Париз во 2024 година учествуваа само 15 спортисти од Русија, но под неутрално знаме.

„Уверен сум дека вашето искуство и вашиот интерес за вистинско промовирање на благородните олимписки идеали ќе придонесат за успехот на оваа многу одговорна позиција“, напиша Путин во писмото објавено од Кремљ.

Тој додаде дека резултатите од гласањето се „убедлив доказ“ за високата позиција на Ковентри во светот на спортот и „препознавање на исклучителни лични искуства“.

Се вчитува...