Адриен Рабио беше меѓу најдобрите поединци во таборот на Јуве на дербито со Интер, но и тоа беше недоволно за „старата дама“ да избегне пораз од големиот ривал.
Дербито го реши пеналот што го реализираше Хакан Чалханоглу, но од втор обид откако првиот удар беше запрен од Шчесни, но судиите одлучија тој повторно да се обиде поради предвремено влегување на Де Лихт во шеснаесетникот.
Рабио веднаш по мечот во изјава за телевизијата ДАЗН истакна дека „судијата“ го реши натпреварот, а на истата тема се осврна и при својата последна објава на инстаграм-профилот.
„Одлична партија. Штета е за резултатот, но тешко е кога играте 11 против 12“, напиша Рабио.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА