Францускиот репрезентативец Адриен Рабио ја избрал Барселона за следна дестинација во кариерата, открива весникот „Le Parisien“. Тој во јуни ќе пристигне на „Камп Ноу“ како слободен агент, откако ќе му истече договорот со Пари Сен Жермен.
Играчот за врска одби три понуди од раководството на ПСЖ за продолжување на соработката, по што спортскиот директор Антеро Енрике јавно соопшти дека тој ќе биде седнат на клупата за резерви до крајот на сезоната. Според правилата, Рабио шест месеци пред истекот на договорот, поточно од 1 јануари 2019 година, ќе може да преговара со други клубови и да потпише преддоговор за идна соработка. Доколку двата клуба се договорат за одредена отштета, Рабио би можел да го напушти „Паркот на принцовите“ и во овој зимски преоден рок и да ја засили Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА