Конфликтот меѓу Адриен Рабио и Пари Сен Жермен се повеќе се компликува. Фудбалерот планира да го тужи клубот поради тоа што е исфрлен од првиот тим и нема можност да тренира на највисоко ниво. ПСЖ го исклучи Рабио од првиот состав бидејќи тој не прифати продолжување на договорот кој му истекува на 30 јуни. Рабио не отпатува со екипата на подготвките во Доха, а доби наредба да тренира со вториот тим.
Рабио за кого е е заинтересирана Барселона бара веднаш да биде вратен во првиот тим. Времето секако работи за него, бидејќи ПСЖ нема да добие ништо од неговото заминување во јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА