Адриен Рабио конечно ќе ја заврши потрагата по нов клуб и во следните 48 часа конечно ќе има нова дестинација во кариерата, откако Французинот пред два месеца како слободен играч си замина од Јувентус.
Олимпик Марсеј ќе биде новиот клуб на плејмејкерот, откако клубот од „Велодром“ ги договори клучните детали од соработката и останува да се средат само уште неколку ситници пред Рабио и официјално да му се приклучи на тимот што го предводи тренерот Де Зерби.
За услугите на Рабио се интересираа клубови од Саудиска Арабија и од Турција, но тој јасно стави до знаење дека планира да остане во некоја од Топ 5 лигите во Европа. Англиските гиганти кои покажаа интерес се оладија поради финансиските барања на фудбалерот, кој на крајот ги намали своите услови за да се направи чекор напред во преговорите со Олимпик Марсеј.
Реализацијата на овој трансфер ќе претставува камбек на Рабио во францускиот фудбал откако во 2019 си замина од ПСЖ за да потпише за Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА