Скандал во францускиот фудбал. Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Адриен Рабио, го одби повикот на селекторот Дидие Дешамп, да се најде меѓу патниците на Светското првенство во Русија како евентуална замена за 23-та веќе одбрани играчи. Секој учесник на мундијалот има право да именува дополнителни 11 фудбалери кои ќе бидат потенцијална замена за првоодбраната селекција доколку некој се повреди. Сепак, Рабио одби да биде ’златна резерва’ и го извести селекторот Дешамп дека не сака на таков начин да смета на него за учество на Светското првенство.
Фудбалерот ја донел оваа одлука во консултација со своето семејство и одлучил да им посвети многу повеќе внимание во текот на Светското првенство. Не сака да биде на стенд-бај и да чека евентуално учество на мундијалот во Русија. Сепак, ваквото однесување на 23-годишниот фудбалер не е прифатено со воодушевување од француската спортска јавност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА