Рабио пред трансфер на „Олд Трафорд“, Јунајтед се договори со Јувентус!

Адриен Рабио е пред трансфер во Манчестер Јунајтед, откако челниците на „црвените ѓаволи“ се договорија со Јувентус. Двата клуба се согласиле за комплентирање на трансфер на 27-годишниот плејмејкер.

Рабио веќе имал разговор со менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг, кој го убедил Французинот на преселба во Манчестер.

Меѓутоа, Манчестер Јунајтед се уште нема постигнато договор со мајката на Рабио, Вероника, која е и негов менаџер. Преговорите се во напредна фаза и се очекува наскоро Рабио да ги договори и личните услови и да се пресели на „Олд Трафорд“.

 

 

 

Се вчитува...