Францускиот репрезентативец Адриен Рабио ќе се врати во првиот тим на Пари Сен Жермен на мечот од Купот на Франција против Вилефранш. Тој беше префрлен во Б-тимот откако одби да потпише нов договор со „светците“ и ќе може да си замине од клубот како слободен агент по завршувањето на сезоната. Рабио одби неколку понуди од раководството и потенцираше дека сака да го напушти „Паркот на принцовите“.
Тренерот Томас Тухел најверојатно ќе му даде шанса на куп-натпреварот, затоа што сака да поштеди дел од првотимците за првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед, кој е закажан за 12.февруари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА