Рабио за играњето на мечеви во Австралија: Ова е лудост…

Иако клупскиот фудбал е во втор план оваа недела, веста дека УЕФА одобрила шпанското и италијанското првенство да организираат одредени натпревари надвор од нивната земја ја разбранува јавноста, а прв кој го крена гласот против оваа одлука беше првиот играч на Милан, Адриен Рабио, кој не се согласи неговиот тим да игра против Комо во Австралија.

Така Виљареал ќе ја пречека Барселона во Мајами, додека Перт треба да биде домаќин на натпреварот помеѓу Комо и Милан.

Фактот дека престојната зима Милан ќе игра меч во далечната Австралија, го крена гласот Адриен Рабио кој не е задоволен од одлуката.

„Тоа е лудост. Има економски договори, и за тоа не одлучуваме ние. Но, лудост е да се патува толку многу километри за да се игра натпревар помеѓу два италијански тима во Австралија. Но, ќе мораме да се адаптираме како и секогаш“, изјави Рабио.

Се вчитува...