Поранешниот тренер на Лион, Фабио Гросо може да добие 2 милиони евра отштета од клубот, за неговата 2,5 месечна работа во некогашниот француски првак.
Според „Л’Екип“ италијанскиот тренер кој беше отпуштен само 2,5 месеци по неговото назначување, бара клубот да му плати отштета.
Договороите на Гросо и на четворица негови соработници беа со важност до 2024 година. Сумата за која се разговара се движи межу 1,5 – 2 милиони евра.
Гросо мина само седум меча на клупата на Лион, и оствари само еден триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

