Работнички е првиот полуфиналист во Купот на Македонија, откако тимот од „Градски парк“ попладнево славеше во четвртфиналната пресметка со Карпош соколи со убедливи 104-49. „Соколите“ лани се закитија со трофејот во Кавадарци, но по целосниот ремонт на тимот младиот состав немаше лек за градскиот ривал.
Работнички од самиот почеток јасно стави до знаење дека влегува максимално сериозно, избраниците на Докузовски доминираа и поведоа со 26-9 по десет минути игра. Убедливата предност му овозможи на тренерот на Работнички да ротира со тимот, па така во вториот период шанса доби и младиот Темелковски. Разликата се зголемуваше како што минуваше времето, во второто полувреме во серија прецизни шутеви влезе и Ефремовски, за на крајот Работничпки да триумфира со преубедливи 104-49.
Маркус Гинјард за 21 минута игра реализираше 21 поен, седум скока и три асистенции, Ефремовски постигна 18 поени, а Мираковски забележа 14 поени и девет асистенции. Кај Карпош соколи најефикасни беа Атанасов со 15 и Бешлиовски со 12 поени.
Работнички во утрешното полуфинале ќе се сретне со подобриот од дуелот Куманово – Гостивар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА