Работнички без проблеми триумфално со Чаир

Кошаркарите на Работнички запишаа лесна победа од 83-67 против Чаир во 20. коло од Првата кошаркарска лига.

Уште од самиот почеток Работнички ја презеде контролата на играта и резултатот, добивајќи ја првата четвртина со 25-15.

Се потоа беше само рутина до конечна победа од 16 поени разлика (83-67).

Убедливо најдобар поединец кај Работнички беше Џелетовиќ со 23 поени и осум скока, а го следеа Малешевиќ со 16 поени и Бакоч со 13 поени и 10 скока. Кај Чаир се издвои Давел Роби со 17 постигнати поени.

Работнички сега е со 12 победи, наспроти и осум порази, на петтата позиција на табелата во македонскиот шампионат, со една победа помалку од четвртопласираниот Гостивар.

Се вчитува...