Ракометарите на Пролет експресно се вратија на победнички патеки по поразот од Металург, откако попладнево леснои убедливо славеа на гостувањето против Работнички со резултат 23-39. Работнички се соочува со сериозни финансиски проблеми, овој тим во последните седмици го напуштија неколку првотимци, па јасно е дека значително ослабен немаше никакви шанси да се спротивстави на расположениот противник.
Тренерот на Пролет, Никола Матлиески, реши на ги одмори Поповски, Андоновски и Мајнов, но дури и без тројцата клучни ракометари гостите имаа тотална доминација во текот на сите 60 минути. Како што одминуваше времето така предноста на Пролет се зголемуваше, на одмор се замина со резултат 13-21, за на крајот да триумфираат со убедливи 16 гола разлика.
Џонов со осум гола беше прв стрелец на победничкиот тим, по пет постигнаа Аларов и Стојановски, додека Палевски со 14 погодоци беше најдобар поединец во таборот на Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА