Силни се желбите во таборот на Работнички есенскиот дел од сезоната да се заврши и со пласман во полуфиналето од Купот на Македонија. Но, за остварување на истите ќе треба денеска триумф против Македонија ЃП на реванш пресметката од четвртфиналето. По првиот меч во Ѓорче Петров, „романтичарите“ имаат негатива од еден гол (0-1) и јасна е пресметката за пласман во полуфиналето.
„Треба да одиграме многу подобро од последниот дуел со Шкупи. Потребна ни е победа без примен гол. Да бидеме дисциплинирани максимално на тактички план, да не му дозволиме на противникот да постигне гол. Се надевам дека ќе одиграме на многу повисоко ниво, и ќе успееме да ја оствариме целта“ – вели шефот на стручниот штаб, Жикица Тасевски.
Неизвесно единствено уште ќе биде и на дуелот меѓу Победа и Шкендија под „Тумбе кафе“ во Битола, откако прилепчани славеа на првиот натпревар со 0-1 во Тетово.
А, струмичките прволигаши Беласица и Академија Пандев, доколку не се случи нешто непредвидено, лесно треба да го трасираат патот до полуфиналето со оглед на предноста која ја носат од првите средби против Силекс односно второлигашот Кораби.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ (реванш натпревари, денеска 13 ч.)
Струмица: БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС (2-0)
Дебар: КОРАБИ – АК.ПАНДЕВ (1-3)
Битола: ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА (1-0)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-1)
- Во заградите се резултатите од првите четвртфинални натпревари
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА