Работнички броеше до 119, ТФТ ја освои Гевгелија

Работнички очекувано лесно и убедливо се врати на победнички патеки во домашното првенство, славејќи на гостуваањето против Вардар со убедливи 68-119. По заминувањето на Мираковски на клупата седеше Апостолоски Лечиќ како привремено решение, а „центарци“ одиграа рутински меч во кој доминираа од почеток до крај, славејќи со дури 51 поен разлика.

Осум кошаркари на „центарци“ стигнаа до двоцифрен број на поени, а најефикасни беа репрезентативците Ѓуроски со 20 и Шошкиќ со 16 постигнати поени. Прв стрелец на Вардар на овој натпревар беше Атанасов со 18 постигнати поени.

ТФТ дојде до значајна победа на гостински терен, славејќи во Гевгелија над тимот на Кожув со 55-64. Домаќините постигнаа само девет поени во првата четвртина како најава за проблемите со нападот што ги имаа до самиот крај, па со 55 постигнати поени беше невозможно гевгеличани да се надеваат на триумф на овој натпревар. Ташовски со 13 и Хотон со 12 поени беа најефикасни во победничкиот тим, додека прв стрелец на Кожув беше Артисон со 11 поени.

Се вчитува...