Фудбалерите на Работнички стигнаа до голема победа во борбата за опстанок откако на гостувањето покрај езерото кај Струга Трим Лум славеа со 1-2 во последниот натпревар од 25. рунда сезонава во Првата македонска фудбалска лига.
Гостите до водство во првото полувреме стигнаа уште во 14. минута кога Попзлатанов го постигна погодокот за 0-1 по големата грешка на голманот на стружани Ангелети. Домашните имаа неколку шанси до крајот на првиот дел, но романтичарите успеаја да се одбранат.
Сепак, Струга ТЛ успеа да израмни на 1-1 уште на стартот на второто полувреме кога Малески беше прецизен од пенал во 49. минута.
И двете екипи имаа шанси до крајот на мечот, а својата ја искористија дебар маалци кои со погодокот на Аритон Мехмед во 85. минута славеа со 1-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

