Работнички до „плус 44“ во Кисела Вода

Работнички ја прекина серијата слаби резултати во Супер-лигаа откако попладнево лесно и убедливо славеше на гостувањето против Ангели со преубедливи 73-117. Иако без двајцата Американци кои си заминаа минатата седмица, како и без повредениот Ѓуроски, „центарци“ одиграа доминантен меч што го добија со 44 поени разлика.

Првата четвртина заврши 20-31 за Работнички, гостите продолжија да доминираат и на одмор заминаа со уште поубедливи 39-63. Тренерот Мирковски им даде шанса и на помладите кошаркари кои вообичаено ја греат клупата, тие максимално ја искористија довербата, прикажаа добра игра и заслужено славеа со преубедлива позитива.

Алстон беше прв стрелец со 25 поени, Робев реализираше 21, додека по 20 за Работички постигаа Ефремовски и Рикиќ. Прв стрелец на Ангели во овој убедлив пораз беше Кечовски со 21 поен.

Се вчитува...