Тимот на Работнички ја одработува првата фаза од подготовките под раководство на шефот на стручниот штаб Александар Влахо, денеска и утре комплетниот погон ќе ги мине деталните лекарски прегледи, а закажани се и шест пријателски натпревари преку кои ќе се темпира формата за пролетниот дел од првенството во Првата лига.
Работнички првиот тест ќе го има на 20.јануари против Борец, а три дена подоцна ќе спарингува со второлигашот Тетекс. На 26. јануари тимот ќе замине на подготовки во Охрид, а ден подоцна е закажан тестот со Ренова. На 30.јануари Работнички ќе одигра пријателски натпревар против Струга Трим Лум, на 3. фавруари ривал ќе биде Пелистер, а последната контрола пред стартот на пролетниот дел од шампионатот ќе биде на 6.февруари, против тимот на Тиквеш.
Работнички досега во зимскиот преоден рок доведе шест засилувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

