Македонскиот прволигаш Работнички ги презентираше новите засилувања кои го засилија таборот на „романтичарите“ во овој зимски преоден рок. Во иднина дресот на клубот од Дебар Маало ќе го носат Никола Шаркоски, Гзим Красниќи, Игор Крмар и Бујамин Асани. Исто така, професионален договор потпиша и младиот фудбалер Андреј Лазаров.
Никола Шаркоски (25) потпиша тригодишен договор со Работнички. Тој доаѓа од редовите на Победа и ќе го засили офанзивниот дел од тимот.
Гзим Красниќи (28) е албански интернационалец, игра на позицијата централен одбранбен фудбалер, доаѓа од албанскиот клуб Партизани, и со Работнички потпиша договор на една година.
Игор Крмар (26) е хрватски интернационалец, игра на позицијата десен бек, и доаѓа од редовите на Слобода Ужице. Тој стави потпис на двегодишен договор со клубот.
Бујамин Асани (29) е повратник во македонскиот шампионат од романскиот второлигаш УТА Арад, игра на позицијата лев бек и потпиша двегодишен договор со Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА