Еден од најдобрите македонски клубови во историјата, Работнички доживеа нов срамен пораз, откако вечерва на домашен терен беше прегазен од Босна со убедливи 74-99.
Гостите уште од самиот старт тргнаа силно па веќе по десет минути игра имаа убава предност од девет поени (16-25). Гостите продолжија да го газат нашиот тим и во вториот период, па веќе на полувреме имаа огромна предност од 32-54.
Во вториот дел гостите само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 74-99. Имран Полутак беше единствен расположен во македонскиот тим завршувајќи го мечот со 27 поени. Кај победникот најефикасен беше Петар Ковачевиќ со 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА