Работнички рутински стигна до нова победа во кошаркарската Прва лига, откако „центарци“ очекувано лесно и убедливо славеа на гостувањето против Пелистер со 60-95, на дуелот кој се играше во салата „Јасмин“ во Кавадарци. Стручниот штаб на Работнички овојпат покрај повредениот Илиевски не можеше да смета ниту на Чековски и на Мишановиќ, но и тоа немаше никакво влијание врз резултатот, Мираковски и Тасовски како најискусни одлично го превдодеа подмладениот гостински состав до нова убедлива победа.
Прашањето на победникот беше решено уште во првата четвртина, во која гостите од Скопје стигнаа до одлична предност од 9-26. Остатокот од мечот беше само рутина во која Работнички уште повеќе си ја зголемуваше предноста, па гостите во последната четвртина шанси им дадоа и на дел од најмладите, Темелковски, Атанасов, Јордановски и Мартиновски да ја почувствуваат атмосферата на еден прволигашки натпревар.
Младиот Маслинко одигра одличен натпревар со 23 поени и 13 скокови, Павловски оствари дабл-дабл од 17 поени и 11 скокови, а Мираковски исто така на вообичаеното ниво, стигнувајќи до 13 поени, 10 асистенции и 2 украдени топки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА