Работнички е домаќин на квалификацискиот турнир од ФИБА Европа купот

Работнички по неколку години пауза се враќа на европската кошаркарска сцена, откако најтрофејниот македонски клуб се пријави да учествува во ФИБА Европа купот.

Ждрепката за квалификациските турнири е закажана за утре, а „центарци“ денеска добија одлична вест откако од ФИБА Европа беа избрани за домаќини на турнирот во кој ќе учествуваат.

КК Работнички е еден од седумте клубови кои ќе ја имаат улогата на домаќини заедно со: Кервнос (Кипар), Парну (Естонија), Катаја (Финска), Егис Корменд (Унгарија), Јамтланд (Шведска) и Маниса (Турција).

Квалификациските турнири ќе се одржат во периодот од 2 до 5 октомври. Покрај Работнички, дел од квалификациите за ФИБА Европа купот ќе биде и тимот на Феникс, за кого ова ќе биде деби во европските натпреварувања.

Се вчитува...