Работнички е мирен се додека ги има браќата Станковски (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Работнички дојде и до втората победа на стартот од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, триумфирајќи со 2-1 против Тиквеш во 4. коло на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

„Романтичарите“ до трите бода дојдоа благодарение на двата погодоци на браќата Марио и Лука Станковски, кои нешто слично како и минатата сезона се темелот на овој состав на тимот од Дебар маало.

По четири кола, со седум освоени бода, Работнички е на само бод од водечкиот во моментов Струга Трим Лум.

 

Се вчитува...