Работнички е младински шампион на Македонија

Работнички е новиот шампион на Македонија во младинска кошарка за играчи до 20 години, откако „центарци“ излегоа како победници од фајналфор турнирот што се одржуваше во скопската населба Кисела Вода.

Откако вчера во полуфиналето го совладаа бранителот на трофејот Вардар, младинците на Работнички вечерва во големото финале славеа над Академија ФМП со 84-76.

Виктор Ефремовски, кој е дел и од сениорскиот тим на Работнички, постигна 30 поени во големата победа и заслужено беше избран за МВП, Темелковски оствари дабл-дабл од 15 поени и 11 скокови, додека кај ФМП најефикасен беше Ристовски со 23 поени.

Се вчитува...