Кошаркарите на Работнички ја продолжуваат својата доминација на домашната сцена, откако избраниците на Докузовски го освоија Охрид со убедливи 69-100, за 20. победа во низа од стартот на оваа прволигашка сезона. Охрабрени од одличниот настап на дербито со МЗТ Скопје, „црвено-белите“ одиграа максимално мотивирано и против охриѓани, не давајќи им на домаќините ниту минимална шанса да приредат сензација на денешниот натпревар.
Домашните кошаркари поведоа со 3-2 во првата минута, а потоа Работнички почна да го наметнува темпото што се покажа пресилно за Охрид. „Пулените“ на Докузовски исто како и против МЗТ, повторно одиграа беспрекорно во нападот, сите дилеми околу победникот решавајќи ги уште во првото полувреме, откако на одмор се замина со резултат 39-53. Ситуацијата на теренот не се промени ниту во преостанатите 20 минути, „црвено-белите“ од Скопје доминираа, уште повеќе ја зголемијиа предноста и на крајот славеа со 69-100.
Чавдар Костов беше најефикасен со 22 поени, Мираковски постигна 17 поени и пет асистенции, додека Кире Николовски го заврши мечот со 15 постигнати поени. Најдобри стрелци во редовите на Охрид беа Кенет со 22 и Хенри со 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА