Прволигашот Работнички ги претстави дресовите со кои ќе настапува во новиот шампионат 2023/24. „Природа, страст, триумф“, е мотото со кое е претставена новата спортска опрема на ФК Работнички.
„Романтичарите“ ќе носат „црвено-бела“ варијанта, а како резервни опции ги имаат белата и сината боја.
Работнички в понеделник го стартува шампионатот, со дуелот против Шкупи на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

