Канцеларијата на Работнички информира дека билетите за натпреварот од 1. квалификациско коло во Лигата на Европа против унгарски Хонвед ќе бидат пуштени во продажба денеска од 12 часот.
Билетите за првиот европски натпревар на Работнички во новата сезона ќе се продаваат преку продажната мрежа на МК Тикетс по цена од 200 денари. На самиот ден на натпреварот и на билетарницата во рамките на комплексот на Фудбалската федерација на Македонија.
Првиот натпревар од стартното квалификациско коло меѓу Работнички и Хонвед се игра на 11. јули (среда) со почетокот од 17:30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во рамките „Куќа на фудбалот“ на ФФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА