Работнички го декласира Охрид во „Градски парк“

Кошаркарскиот првак на Македонија, Работнички со очекувана и уверлива победа влезе во вториот дел од домашната првенствена сезона. Го победи на домашен терен Охрид со 96-54 во последниот натпревар од 12. коло.

Работнички беше супериорен во дуелот и победата почна да ја гради уште во воведната четвртина во која веќе направи двоцифрена предност. На полувремето имаше 15 поени позитива. Ништо не се промени ниту во второто полувреме, а во завршниот сегмент, Охрид беше најслаб и за десет минути постигна само седум поени, наспроти 27 на првакот.

Марјан Јаневски постигна 24 поени за Работички, Кирил Николовски уфрли 18. Кај Охид, Стефан Младеновиќ со 14 поени беше прв на листата стрелци.

За Работнички ова беше десетта сезонска победа, шампионот има само еден пораз и го држи лидерското место на тбалата, пред МЗТ и пред Блокотехна кои имаат ефект од 9-2.

 

Се вчитува...