Тимот на Работнички следната сезона ќе игра во ракометната Суперлига, откако во баражот славеше против Прилеп со 38-30. Работнички беше доминантен на дуелот што се одигра во Неготино и на полувремето веќе имаше предност од осум гола (21-13). Во вториот дел, рутински ја одработи задачата за конечен триумф. Покрај Работнички, наредната сезона во Суперлигата ќе игра и Металург 2.
Палевски во составот на Работнички постигна 12 гола, додека Темелковски беше најефикасен кај Прилеп со осум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА