Работнички го донесе Томче Гроздановски од Злате Моравче (ФОТО)

Работнички продолжува со засилувањата за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, промовирајќи го како свој нов фудбалер поранешниот младински репрезентативец Томче Гроздановски.

23-годишниот Гроздановски, кој игра како последен фудбалер за врска, доаѓа од редовите на словачкиот прволигаш Злате Моравче каде беше член од 2019 година, со една година позајмица во хрватскиот Дугопоље,

Претходно, во македонскиот шампионат Гроздановски настапуваше за второлигашот Кожуф.

Се вчитува...