Работнички го доведе и Имери од Шкупи

Работнички продолжува да ги засилува своите редови во обидите да се освежи играчкиот кадар по слабиот старт на сезоната. Откако Ердем пред неколку дена беше доведен за нов тренер на „романтичарите“, скопскиот клуб денеска потпиша договор со доскорешниот играч на Шкупи, Демир Имери.

Станува збор за 29-годишен офанзивен играч за врска, кој има настапувано за бројни македонски екипи (Работнички, Шкендија, Хоризонт, Ренова…). Имери во меѓувреме се реши и за интернационален предизвик, смени неколку клубови во Албанија, Казахстан и Узбекистан), за на почетокот од минатата сезона да се врати назад во мак-фудбалот и да потпише за Шкупи.

Тој летово повторно беше во потрага по нов клуб, за на крајот да постигне договор за едногодишна соработка со Работнички, што беше официјализиран денеска.

Се вчитува...