Работнички го доведе петтото засилување во овој зимски преоден рок. Нов фудбалер на „романтичарите“ е Петар Петковски, кој доаѓа од редовите на Вардар. Петковски потпиша договор на 18 месеци со Работнички и веднаш му се става на располагање на шефот на стручниот штаб Горан Станковски.
Спортскиот директор Иван Поповски истакнува дека со ангажманот на Петар Петковски продолжува стратегијата на клубот за ангажман на млади и талентирани македонски фудбалери.
„Постигнавме договор за ангажман на Петар Петковски, кој е младински репрезентативец на Македонија. Тој во наредните 18 месеци ќе го носи дресот на Работнички. Со ова ја продолжуваме нашата долгогодишна стратегија за ангажман на млади и талентирани фудбалери од нашата земја, која досега ни носеше многу успеси“, изјави Иван Поповски за официјалниот сајт на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА