По ангажманот на македонскиот репрезентативец Ванче Шиков, Работнички денеска, на последниот ден од зимскиот преоден рок доведе уште едно засилување, како аквизиција за нападот. Се работи за црногорскиот интернационалец Иван Вуковиќ (30), искусен напаѓач, кој стави потпис на едногодишна верност со „романтичарите“.
Иван Вуковиќ, кој има 30 години, својата кариера ја почна во Зета, играше и за Будуќност, Хајдук Сплит, Сеонгнам, ОФК Београд, Младост Подгорица и за Макаби Нетанја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА