Работнички извојува повеќе од значајна победа во последниот натпревар од вториот круг во Првата македонска фудбалска лига, триумфирајќи со 1-0 пред своите навивачи против екипата на Арсими.
Стрелец на единствениот гол на мечот за важни три бода на „романтичарите“ беше Манојлов во 66. минута од средбата.
Оваа победа, на 11 кола до крајот на првенството, како така ги враќа надежите на Работнички за опстанок. Арсими, пак, веќе се доближува до опасната зона, последните три места на табелата, кои водат во понизок ранг следната година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

