Работнички го победи Феникс 2010, за чекор плус кон опстанокот

Со дуелот во салата „Лазар Лечиќ“, во кој се сретнаа директните конкуренти за позиција која обезбедува опстанок, Работнички и Феникс 20110, беше комплетиран првиот круг од Плеј-аут сегментот од Супер лигата на Македонија во кошарка.

Победата од 93-83 им припадна на „црвено-белите“, со која сега со уште еден чекор поблиску во трката за опстанок во суперлигашката конкуренција.

Се имаа под контрола домашните кошаркари по три одиграни периоди. И добра игра, и што е поважно, високо водство од 14 поени, (69:55).

Но во последниот дел од играта, Феникс 2010 испрати сериозна закана. Поточно за четири минути игра, со серија од (4-16), гостите се доближија на само два поени негатива (71-73).

„Црвено-белите“ одолеаа на тој противнички напад, преку Ефремовски и Грушановиќ, на неполни четири минути до крајот, се одвоија на (82-75). А по тројката на Костоски, за водство (87-77), стана јасно дека победата ќе биде за Работнички, кој по овој успех сега е на скор (10-13), односно има дури две победи повеќе во однос на Феникс 2010 кој има (8-15).

Четворица од петте стартери во домашната екипа завршија со двоен број на реализации. Ефремовски реализираше 30 поени (имаше и по три скока и три асистенции). Стандардно, двоен, беше ефектот на Рикиќ, кој заврши со 22 поени и 17 скока. Грушановиќ запиша 14 поени (и осум скока), додека најискусниот во тимот, Костоски додаде со 11 поени и девет успешни додавања.

Во екипата на Феникс 2010, Рахама уфрли 20поени (имаше и седум асистенции и пет скока), Дајсон го следеше со 16поени (и пет скока), Метјус имаше 17 поени (и седум скока), а Ниах уште 15 поени и 11 скока, додека Златевски кој застана на десет реализирани поени (и по два скока и асистенции).

МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ (ПЛЕЈ-АУТ)

РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО

Чаир 2030 – Ангели 91-69

МКК Куманово – Гостивар 75-73

Работнички – Феникс 2010 93-83

ТАБЕЛА

1.Чаир 2030 23 12 11 1870:1927 35

2.МКК Куманово 23 11 12 1863:1828 34

3.Работнички 23 10 13 1922:1875 33

4.Феникс 2010 23 8 15 1804:1871 31

5.Гостивар 23 6 17 1707:1836 29

6.Ангели 23 1 22 1505:2022 24

ИДНО КОЛО (15.април)

Ангели – Феникс 2010

Гостивар – Работнички

Чаир 2030 – МКК Куманово

Се вчитува...