Работнички стигна до втор триумф во исто толку натпревари на подготовките во Анталија. „Романтичарите“ го совладаа рускиот прволигаш Терек Грозни со 2-0, прикажувајќи допадлива игра во текот на целиот меч.
Филип Ивановски уште на почетокот од мечот успеа да ја надмудри противничката одбрана и го донесе македонскиот тим во водство од 1-0. По ова, напаѓачот имаше уште една убава шанса во 29.минута, но шутираше над голот.
Во вториот дел, Терек Грозни тргна по израмнување, но Работнички го зададе решавачкиот удар. Во 87.минута, Андреј Кудијан зголеми на 2-0, што беше и конечен резултат на оваа средба.
Тренерот Виктор Треневски на стартот им даде шанса на следните фудбалери: Шишковски, Силјановски, Митрев, Рашо, Херера, Трајчевски, Елмас, С. Сахити, Дурански, Маркоски, Ивановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА