Работнички продолжува со реконструкција на играчкиот кадар за следната сезона. Ново засилување е Мевљан Мурати, дефанзивецот кој доаѓа од редовите на Шкендија.
Тој потпиша двегодишен договор со Работнички и треба да ја засили конкуренцијата во одбраната на тимот.
Мевљан Мурати е поранешен младински репрезентативец, член на „златната генерација“ на Македонија која во 2017 година учествуваше на Европското првенство за фудбалери до 21 година во Полска.
29-годишниот фудбалер игра на позицијата десен бек, но може да одговори адекватно и на левата странична позиција.
Мурати минатата сезона одигра 24 натпревари во дресот на Шкендија, од кои 18 првенствени и шест европски мечеви, со вкупна минутажа од 1825 минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА