Работнички го продолжи договорот со Гандо до 2025 година

Крилниот напаѓач на Работнички, Марселин Гандо Биала, го продолжи договорот со „романтичарите“ на уште две години, односно до 2025 година, соопшти клубот од Дебар Маало.

Камерунецот во август минатата година дојде во таборот на Работнички, и во минатата сезона одигра 24 натпревари, постигнувајќи шест голови. Во минатото играше за Енозис, Петроџет, Левадија и во неколку камерунски тимови.

Претходно потпис на нови договори со Работнички ставија Кире Марковски, Крсте Велкоски и Игор Алексовски.

Се вчитува...