Работнички го промаши невозможното за прв бод на Шкупи, реми и на АП Брера и Башкими (ВИДЕО)

Фудбалерите на Шкупи стигнаа до првиот бод сезонава откако денеска како домаќини во Струга ремизираа против Работнички 1-1 во натпревар од 9. коло од новата сезона во Првата Македонска фудбалска лига.

Домаќините кои овој меч наместо во Чаир го играа во Струга поведоа со 1-0 во 25. минута со голот на Ерион Шуку по големата грешка на голманот на гостите, Петар Јакимов. Во вториот дел гостите успеаја да израмнат на 1-1 преку Eрмедин Адем во 61. минута.

Во финишот Работнички имаше голема шанса по која само чудо ги спаси домаќините да не примат гол и да остане 1-1.

Реми 1-1 одиграа и АП Брера и Башкими. Голот за водство на гостите од 0-1 на овој меч го постигна Емануел Аворнио во 35. минута.

Во финишот главниот судија на мечот досуди пенал за Брера кој по проверка на ВАР беше потврден, а него успешно го реализираше Нѕенгуе во 89. минута за конечни 1-1.

ПМФЛ 9. КОЛО: 

ВЧЕРА: 

МАКЕДОНИЈА ЃП – АРСИМИ 4-1

ДЕНЕСКА: 

(15.00) АП БРЕРА – БАШКИМИ 1-1

(15.00) ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 1-1

НЕДЕЛА: 

(15.00) СИЛЕКС – ТИКВЕШ 

(15.00) ВАРДАР – СТРУГА ТЛ 

ПОНЕДЕЛНИК: 

(18.00) ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА 

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...