Работнички го промовираше и крилото Флоријан Кадриу од Шкупи

Работнички, како свое ново засилување за европските настапи ова лето, го промовираше и Флоријан Кадриу од Шкупи.

29-годишниот Кадриу, кој игра на крилните офанзивни позиции, доаѓа од редовите на Шкупи каде настапуваше изминатава сезона. Потпиша едногодишен договор со „романтичарите“, со можност за продолжување на уште една.

Тој е повратник во Работнички, каде настапуваше во сезоната 2017/18. Претходно во македонскиот шампионат има настапи и за Ренова, Влазрими и Струга ТЛ. Има настапи и за албанските прволигаши Теута, Тирана и Ерзани, како и за казахстански Атирај, но и азербејџанскиот Сабаил.

Се вчитува...