Грузискиот интернационалец Лука Робакидзе е нов фудбалер на Работнички. Она што ЕКИПА го најави претходно, денеска доби официјална потврда.
Досегашниот играч на Брегалница му се приклучува на тимот од Дебар Маало во новата сезона. Станува збор за играч кој треба да го засили средниот ред на „романтичарите“.
Во минатото Робакидзе играше во Самтредиа, а има искуство со играње во Чешка, во тимот на Силон Таборско.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА