Работнички го раскина договорот со Тупајиќ и ќе добие четврти тренер сезонава

Продолжуваат да се менуваат тренерите во Работнички. „Романтичарите“ оваа сезона ќе добијат четврти тренер, откако денеска клубот се одлучи да го раскине договорот со Ален Тупајиќ.

Работнички е во жестока борба за опстанок, и веќе нема право на грешка со тренерите, затоа што во пролетниот дел го очекува жестока битка за останување во прволигашката конкуренција.

Сезоната ја почна Бојан Маркоски, потоа дојде Ердем Алпарслан, па после Ален Тупајиќ. Тројца тренери досега не успеаја да го разбудат тимот од „летаргијата“, па сега ќе има и нов.

Се вчитува...